Настапот на Кали со „Kiss“ вброен меѓу најдобрите од „The Voice“ глобално

Нашата Калина Велковска е една од натпреварувачите на бургарската верзија на светското талент шоу „The Voice“. Во последната епизода, таа се претстави со „Kiss“, изведба кои ѝ го обезбеди местото во следниот круг.

Но, воедно, ѝ обезбеди место и меѓу најдобрите од шоуто глобално во конкретната недела. Таа се најде во друштво на натпреварувач од шоуто во Австралија, како и две дами од натпреварот во Монголија и Африка.

Таа го продолжува своето натпреварување во следната фаза, односно полуфиналето, а преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да ги поддржат и останатите двајца натпреварувачи од Македонија, Омар и Алмир.

 

Им посакуваме среќа на сите!

Објавено:
1 јуни 2020
Прегледно:
269 пати