Необичен „гравитирачки“ едиторијал со Кејт Аптон
Манекенката Кејт Аптон отиде чекор понапред, барем кога е во прашање фотографирањето. Тимот на магазинот „Sports Illustrated“ ја однесе до нулта гравитација односно во бестежинска состојба или онаква како во вселената. Овој несекојдневен едиторијал е изработен по повод 50-то издание на магазинот.
Аптон е облечена во целосен златен костим за капење, во кој потсетува на култната Барбарела од истоимениот филм. Видеото е навистина интересно погледнете!
Објавено:
19 февруари 2014