Необјавени видеа од Александар Меквин

Пет години по смртта на великанот во современата модна индустрија, Александар Меквин, се’ уште се чувствува неговото огромно влијание на глобалната модна сцена.

Паралелно со поставувањето на фамозната ретроспективна изложба Savage Beauty во лондонскиот музеј  „Викторија и Алберт“ на 14-ти март, беа објавени и видео материјали кои до сега не биле прикажани пред јавноста.

Во видеата се прикажани снимки кои во најголем дел со поврзани со заедничката соработка на легендарниот креатор со фотографот Ник Најт, кој од 1996 година во континуитет соработувал со Меквин.

Едно од видеата го прикажува амбиентот во позадина, за време на фотосесијата која резултираше со една од најценетите модни фотографии Blade of Light, која Најт ја реализираше во 2004 година за колекцијата Deliverance, а едиторијалот беше објавен во магазинот Numero.

Објавено:
26 март 2015