Нов летен хит на Лозано: Не те вадам од памет

Еден ден пред концертот во Охрид, закажан за 2. август на стадионот „Билјанини извори", нашиот поп пејач Влатко Лозаноски го промовираше видео записот за неговата песна „Не те вадам од памет".

Со оглед на тоа дека само за неколку часа од објавувањето на спотот на јутјуб видеото е погледнато над 10.000 пати, може веќе да прогнозираме дека имаме нов летен хит.

Зад песната стои добро проверениот тим, Лазар и Ена Цветкоски, а во спотот се појавува познатиот македонски модел Мартина Михајловска.

Погледнете и споделете ги вашите импресии.

Објавено:
1 август 2019
Прегледно:
430 пати