Нов летен хит: Талентираната Славица Ангелова ја промовираше песната „Нема да поминеш“

Младата и талентирана поп пејачка Славица Ангелова, вчера ја промовираше нејзината нова песна „Нема да поминеш" заедно со интересен видео запис, што може да го погледнете на јутјуб каналот „Urban Global".

Во енергичен ритам и рефрен што остава впечаток од прво слушање, „Нема да помишеш" сигурно ќе помине како поп летен хит и ќе се надоврзе на успехот на „Љубовта не боли".

Текстот и музиката ги работеше познатиот македонски продуцент Јован Јованов, а аранжманот на песната го потпишува неговиот брат Иван Јованов.

Погледнете, слушнете и уживајте.

 

Објавено:
10 август 2020
Прегледно:
271 пати