Нова детективска приказна на Лубутан

Дизајнерот на обувки и модни додатоци, Кристијан Лубутан неодамна го лансираше рекламното видео за колекцијата за пролет-лето 2017.

Се работи за краток филм во кој се развива детективска приказна. Во центарот на вниманието се три другарки, кои пробуваат различни модели чевли од најновата колекција и се забавуваат.

Но, во еден момент сосема случајно ќе станат сведоци на убиство.

Ваквиот начин на најава на колекција стана заштитен знак на дизајнерот.

Приказната ќе има продолжение, а на ова видео всушност му претходи на она за „Кој ја уби Амазула?“, за минатата пролетна сезона.

Во продолжение ве потсетуваме и на тоа видео:

Објавено:
11 јануари 2017
Прегледно:
371 пати