Новата песна на Katerinha ќе сакате да ја слушате одново и одново

Видео-записот за песната „Trippin“ беше вистински хит и фантастичен старт на кариерата на младата Катерина. Талентот што го поседува и начинот на кој ги прави работите сосема го оправдуваат големото внимание насочено кон неа претходниот период.

Оваа девојка и нејзината приказна беа водечки на „Фешнел“ за претходниот месец, а сега објави нова песна, во сосема поинаков визуелен манир од претходната, но ништо помалку привлечен за око и уво.

Совршен ритам, мелодија чија прва асоцијалција е chillin', нешто што сигурни сме на сите ни треба, без разлика каде се наоѓаме на планетава и глас кој ќе ви ги гали ушите.

„Not Your Friend“ е името на новата песна, изведба во живо, каде Катерина е придружена со уште неколку талентирани луѓе, чиј спој дава фантастичен ефект и звук.

И овој видео-спот чија атмосфера сосема соодветствува на онаа во песната го потпишува Милена Витман ( во соработка со Кимани Шуман и Мартина Димитрова).

Нема дополнително да објаснуваме, ве оставаме да ја слушнете и сигурни сме дека ќе посакате да ја слушате одново и одново.

 

Објавено:
31 јули 2020
Прегледно:
462 пати