Новата реклама на „Кензо“ е лудило

Отприлика вака звучат впечатоците на тие што го гледаа најновото рекламно видео од јапонскиот бренд. За промоција на новиот парфем „World“, од „Кензо“ се одлучија да го ангажираат американскиот режисер и продуцент Спајк Џонз, со што очекувањата за крајниот резултат се зголемија.

Џонз го смени начинот на комерцијалното комуницирање, па не изненадува тоа што новото видео на брендот воодушевува со приказната и есетитката. Како да гледате филм од три и пол минути.

Актерката Маргарет Квели успеа на најдобар можен начин да ја пренесе емоцијата што режисерот и брендот сакаа да ја постигнат. Пораката за силата, енергијата, слободата што парфемот ја овозможува, не може да биде појасна.

Во целата приказна многу придонесува и танцот, за кој се погрижи кореографот Рајан Хефингтон, кој работеше и со Сиа, за видео-записот „Chandelier“. Тој ги осмисли движењата кои потсетуваат на катарзично ослободување на телото, што буквално ве хипнотизира. Некои коментираат дека танцот потсетува спотот на Фетбој Слим за „Weapon of Choice“.

-Сакам да гледам комбинација на возбуда, насилство и лудило. Ја прави женската страст силна, што е опасна, а што е идеја која сите други реклами за парфеми се трудат да ја продадат  – вели Аманда Хамелајн, кореографка што исто така учествуваше во проектот.

Објавено:
31 август 2016
Прегледно:
6.216 пати