Новата реклама на „Најк“ предизвика воодушевување кај јавноста

Компанијата „Најк“ неодамна објави нова реклама насловена како „You Can't Stop“, мошне инспиративна за која впечатоците не стивнуваат.

Во видеото, кое има одлична монтажа се појавуваат голем број познати ѕвезди помеѓу кои и Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Наоми Осака...

Користена е техниката на поделен екран, а од двете страни се прикажуваат архивски сминки од спортски настани, кои фантастично се вклопени еден со друг и совршено ја прикажуваат пораката дека сите сме под исто небо и само ако заедно се бориме, можеме да стигнеме до победата.

Режисер на видеото е Оскар Хадсон, додека монтажери се Питер Виденсмит и Џесика Баклеси. Наратор е американската фудбалерка Меган Рапино, која исто така се појавува во видеото.

Погледнете. Како ви се допаѓа?

 

Објавено:
5 август 2020
Прегледно:
113 пати