Новиот филм на Натали Портман ќе биде огромен хит!

Веќе знаеме дека Натали Портман е позната по фантастичните улоги и изведби на сите ликови кои досега ги толкувала, а сега има уште една по која ќе ја паметиме.

Станува збор за филмот Vox Lux во кој актерката ја толкува главната улога на поп иконата Селест. Имено, таа и нејзината сестра Елеонор преживуваат голема трагедија од која се лекуваат со музика и прават песна која станува огромен хит и со која Селест доживува светска слава.

Години подоцна, Селест подготвува нов албум и се обидува да се извлече од скандалозната кариера и повторно да се најде на врвот на топ листите.

Во меѓувреме, доживува бројни емотивни испади, а се обидува и да ја задржи релацијата со нејзината ќерка тинејџерка.

Премиерата на филмот ќе се случи на 7 – ми декември во Њујорк и Лос Анџелес, а потоа и во сите кина низ светот.

Фото: HawtCelebs

Објавено:
27 октомври 2018
Прегледно:
171 пати