Ново име на музичката сцена: Слушнете ја првата песна на Агни Авшар (ВИДЕО)

Македонската музичка сцена има неопходна потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати или пак, на некој начин, сме приморани да го слушаме.

Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар. Веројатно повеќето од вас сè уште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни.

Многумина за Агни ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа.

Таа викендов преку социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам". Песна на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува феноменалниот Никола Мицевски, додека пак текстот го потпишуваат Бети Јанковиќ и Рената Кралевска.

Ако баравте квалитетна музика, токму тоа и го нуди Агни Авшар, велат од нејзиниот тим. Таа истакнува дека компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот. Впрочем, за создавањето на оваа приказна беше потребно повеќе од една година.

- „Сознавам" е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе - вели прекрасната Агни.

Инаку Агни со својот тим снимија и прекрасен видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи - DJ TALAMASCA.

Погледнете го на почетокот од текстот.

Објавено:
11 октомври 2021
Прегледно:
155 пати