*NSYNC се вратија!

Доколку вчера имавте малку време да погледнете што се случува низ социјалните мрежи, тогаш сигурно прочитавте за големиот „камбек“ на ултра популарната група *NSYNC.

Но, за жал, тие не се вратија да настапуваат, туку да им доделат ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд каде се чини се собраа сите нивни обожаватели.

Ѕвездата им беше доделена од популарната водителка Елен Деџенерис во чие шоу подоцна изненадно се појавија поради што публиката беше и повеќе од воодушевена.

На голема радост на сите присутни, тие ја играа популарната игра „Never have I ever“ во која открија интересни детали поврзани со времето кога беа актуелни.

Во еден момент Џастин Тимберлејк одговори позитивно на прашањето дали некогаш биле заедно со членка на групата Spice Girls, нешто со што денеска медиумите се преполни, погодувајќи која би можела да биде.

Во видеото погледнете како денеска изгледаат момците од најпознатата машка група во која сите некогаш бевме заљубени, а денеска сè уште ги пееме нивните хитови.

Објавено:
2 мај 2018
Прегледно:
104 пати