Од прв ред: Погледнете како изгледало „Haute couture“ модно шоу на Диор во 1949 година

Модната куќа Диор неодамна на својот официјален јутјуб канал, ја почести својата публика со исклучително вредно и ретко видео кое го документира целиот процес на подготовка, а финално и реализација на модното шоу на Кристијан Диор за неговата „Haute-Couture" колекција во поствоената 1949 година.

Во 14-минутниот документарец, едноставно насловен „Haute-Couture" режиран од Хенри А. Лаворел, е сублимирана суштината на високата мода, онака како што најдобро знаел да ја донесе во живот творецот на „новиот изглед".

Прикажан е целиот процес на создавање на колекцијата, од идејата, темата и инспирацијата, преку првите скици и дизајни директно работени на модел, до модната ревија одржана во неговото ателје на „30 Avenue Montaigne" во Париз.

Нарацијата е на француски, но е обезбеден и превод на англиси јазик. Уживајте!

 

 

Објавено:
14 мај 2020
Прегледно:
155 пати