Она што остана невидено: Џеј Ло објави видео од родендската забава

За разлика од другите родендени, педесетиот роденден на Џенифер Лопез го следевме на „рати“. Таа ги штедеше објавите на социјалните мрежи, за сега да претстави цело видео насловено како „It's my party“ што е воедно насловот и на нејзината турнеја.

Видеото почнува со изненадувањето од нејзиниот партнер, Алекс Родригез, кој ѝ купи Порше вредно преку 140.000 долари. Тој веќе го објави во јавноста, па тој дел на повеќето им е веќе познат.

Сепак, бидејќи настаните течат хронолошки, а на Џенифер така ѝ почнал роденденскиот ден, после тоа следат моментите од забавата кои не ѝ се познати на јавноста, а пејачката и актерка посака да ги сподели со јавноста.

Ако сте го гледале тој дел, и не сакате повторно, тогаш видеото гледајте го директно од 03.21, каде започнува дело со лудата забава, гостите и останатите изненадувања.

 

Објавено:
1 август 2019
Прегледно:
480 пати