Ова е рекламата со Шарлиз Терон што ќe ги разбуди сите ваши сетила

Миленичката на глобалната публика, преубавата и талентирана актерка Шарлиз Терон, како и секој пат ги надминува сите наши очекувања. Овој пат таа на мошне заводлив и креативен начин Ви прикажува дека „Иднината е злато“.

Станува збор за најновата рекламна кампања за култниот парфем на Диор - J' adore. Реклама е режисерско дело на Шарлиз која на луксузен начин има смислено ефектна стратегија која освен мирисните ќе ги разбуди сите човечки сетила.

Креација на Диор која Шарлиз ја носи од видеото

Од краткиот рекламен филм таа заводливо се искачува по златна лента, се ослободува од накитот и високите потпетици, а потоа се искачува кон светлата иднина каде ја очекува „златото“ на Диор. Кога ќе се спојат две врвни имиња од филмската и модната индустрија се добива восхитувачки производ кој го гледате во продолжение, како и краткото интервју каде актерката објаснува како се реализираше овој одличен производ.

Објавено:
3 септември 2014