"Пеперутка" - новиот сингл и видео запис на Наташа Миха

„Пепрутка“ е  симбиоза на музички стилови и израз, плод на лична артистичка еволуција, која пренесува порака инспирирана од малите и незначајни дејствија, одлуки кои понекогаш ги правиме спонтано и несвесно, потценувајќи ја нивната моќ и влијание кое се одразуваат во иднината“, вака Наташа Миха, позната музичарка и вокалистка го најавува својот нов сингл.

Музиката и аранжманот се заедничко дело на Наташа Миха и Дамир Пух, а зад текстот се потпишува Наташа. 

Продукцијата е на Наташа и Дамир, а целата музика е снимена, измиксана и мастеризирана во „GreenRoom Sound Studio“ во Скопје.

Пратечки вокали се Мартин Блажевски, Стефан Петановски, Дарко Фотиновски и Дамир Пух. 

Видео записот е во соработка со Ѓорѓи Вацев, кој беше задолжен за камера и видео продукција. Во главна машка улога е Кристијан Стефановски. Шминката е на Евгенија Кузманоска, а сет фотографиите се дело на Наташа Величковска

Погледнете и уживајте.

Објавено:
19 ноември 2020
Прегледно:
179 пати