Подарете малку љубов - така светот ќе стане подобро место за живеење

„Подари малку љубов, заедно можеме да направиме голема разлика“. Вака гласи пораката на празничното видео на синџирот маркети „John Lewis“. Речиси секоја година нивните реклами за новогодишните и божиќните празници се едни од омилените и најуспешните.

Годинава, одлучија во фокус да ја стават љубовта и тоа колку на сите ни е потребна.

„Веруваме дека светот може да биде подобро место за живеење ако сите дадеме малку повеќе љубов. Затоа, оваа година ја славиме добрината, без разлика дали е голема или мала, покажувајќи колку секој гест на љубов има позитивно влијание на светот околу нас и како тоа се пренесува на другите“, велат од компанијата.

Ние немаме што да додадеме, освен да се согласиме и да се потрудиме да подариме колку што можеме повеќе љубов на луѓето околу нас. Да бидеме искрени, на сите ни е потребна.

 

Објавено:
13 ноември 2020
Прегледно:
492 пати