Погледнете го спотот за „Regret“ во изведба на Мијата

Мијата ја израдува публиката со новитет. Во период кога на македонската музичка сцена не се случува многу, таа одлучи да ја почести публиката со нов спот. Песната „Regret"  сними како дел од албумот „Небеска“ од 2015 година, но истата сега добива видео-запис.

„Чест ми е да го споделам новиот сингл насловен REGRET, песна која се најде на албумот „Небеска“, а која дури сега во овие кризни времиња дочека своја видео илустрација. REGRET e производ на мојата соработка со Давор Јорданoвски кој се потпишува како аранжер а јас сум автор на музиката и текстот. Продуценти на песната се Давор Јордановски и Ѓоко Мишковски, а снимена е во Big Bang Music Recording Studio во Торонто како и во Rock'n Roll студио од Скопје (кој беше воедно и издавач на албумот Небеска). Видеото го изработи Иван Куртевски. 

Благодарност до Бане Поповиќ кој дозволи да користиме материјали оригинално снимени од „Томато Продукција“', сподели Мијата.

Таа додава дека песната ја темпирала за месец март како Месец на Жената, но со новонастанатата ситуација текстот на песната добива уште подлабока и универзална порака.

Погледнете и слушнете.

Објавено:
16 март 2020
Прегледно:
95 пати
Тагови: 
Мијата спот Regret