Погледнете го „Тајното место“ на Тоше
Во рамки на вчерашниот концерт во чест на Тоше одржан во ВИП Арената „Борис Трајковски“ беше промовиран и новиот албум насловен како „Secret Place“.
Покрај новите песни, присутната публика имаше можност да види и три нови видео записи, од кои еден и за насловната песна.
За оние што не беа, ви го презентираме погоре.
За потсетување, продуцент на албумот е Енди Рајт, спотот е снимен во Крушево, кое како што ќе речат некои било тајното место на Тоше, а започнува токму со мисла од пејачот, што би требало да биде и пораката на песната и спотот.
Објавено:
3 ноември 2018Прегледно:
531 пати