Полицајци пееја и играа за своите сограѓани, а хор од медицински лица им посвети песна на сите колеги

„Полицијата овде на Мајорка можеби е премногу строга додека нè чува, но прават сè за да ни ја разбијат досадата“, гласи описот на видеото кое стана вистински хит на социјалните мрежи.

Неколку полициски коли поминуваат низ уличките на Мајорка, а во еден момент застануваат, излегуваат од колите со инструменти во рака и почнуваат со песна и игра. 

 

Граѓаните секако со воодушевување го прифаќаат овој нивен гест и им се приклучуваат.

Од друга страна пак, медицинскиот персонал во една болница во Велс (Swansea's Morriston Hospital), хорски ја испеа песната „I'll be there“, која им ја посветија на сите колеги, но и луѓе ширум светот.

Тие веќе година дена функционираат и како хор, а колешката, која воедно е и диригентот, Андреа Бредли, вели дека сите колеги кои пеат, се во моментот под голем притисок и борба со вирусот, но не го покажуваат тоа, бидејќи се професионалци.

„Овие моменти создаваат чувство на припадност, дека си дел од тим. Има и добра смеа помеѓу нас, а во вакви времиња, тоа ни помага да функционираме како ти и да работиме без притисок“, вели Бредли.

Крајот на нивната изведба завршува со порака до граѓаните, да останат дома: „Stay home, stay home, We'll be there“.

Погледнете:

 

Објавено:
26 март 2020
Прегледно:
263 пати