Позитив на денот: Миси Елиот ја изненади најголемата обожавателка!

Веројатно деновиве и вие имавте можност да го видите видеото што стана вирално за неколку часа, на кое прекрасна жена ја изведува „Work It“ од Миси Елиот на локално караоке.

Токму нејзиното видео стигна до Елен Деџенерис која ја покани да гостува во нејзината емисија и го имаше изненадувањето на нејзиниот живот.

Мери ќе каже дека веќе 15 години ја изведува оваа песна на караоке која и била предизвик да ја научи уште кога излегла во 2002 година.

Веднаш откако излезе видеото Миси Елиот го сподели на социјалните мрежи нарекувајќи ја Мери нејзината „фанки бела сестра“.

Во еден момент додека Мери ја изведуваше песната во шоуто на Елен, на сцената ѝ се придружи самата Миси Елиот што беше вистински шок за сите присутни.

Погледнете го видеото во продолжение.

 

Објавено:
15 септември 2018
Прегледно:
130 пати