Празнична реклама за сите што имаат или би сакале да имаат куче

Помеѓу другите бројни теми, годинава во нашата држава се зборуваше и за проблемот со кучињата скитници. До конкретно решение не се дојде, но темата остана отворена.

Рекламава која денес ви ја презентираме има совршена порака за сите што имаат или би сакале да имаат куче - „Куче е за цел живот, не само за Божиќ“.

Неретко се случува некое семејство да посака да има домашно милечниче, а потоа да го напушти. 

Доколку се одлучите некому да подарите кученце за време на празниците или пак самите размислувате за тоа, добро размислете дали навистина го сакате тоа.

Вие што веќе сте сигурни во својот избор, после оваа реклама гушнете ги своите најдобри другари :).

Инаку, оваа порака е всушност слоганот на британската добротворна организација за заштита на животните и хумано општество „Dog Trust“ која постои од 2013 година.

 

Објавено:
7 декември 2019
Прегледно:
273 пати