Прекрасно: Онлајн музички поздрав од учениците на музичкото училиште „Илија Николовски Луј“

Човештвото е обединето од мака и тага, но и од музика. Додека од една страна се води битката со вирусот КОВИД - 19, од друга страна, се чини никогаш посилна не било влијанието на уметноста.

Секојдневно ви пренесуваме убави музички поздрави од различни делови на светот, со порака за љубов и надеж, а денеска ви пренесуваме еден што доаѓа токму од кај нас.

Имено, учениците од МБУЦ „Илија Николовски Луј“, заедно со нивниот професор, маестро Ле Фи Фи, создадоа музички онлајн поздрав со темата од „Пиратите од Карибите“.

"Овој видео клип е направен од диригентот Ле Фи Фи и неговите ученици од ДМБУЦ "Илија Николовски-Луј" на време на Коронавирус-19. Голема благодареост на г/дин Тони Павловски за видео монтажа! #ОстаниДома“, стои под објавата.

Браво и уживајте!

Објавено:
30 март 2020
Прегледно:
4.052 пати