Проект за поддршка на самохрани родители на две инспиративни студентки

Наградата за социјално претприемништво е најголемиот Европски проект за студентите на тема претприемништво. Проектот е основан и инициран од страна на Универзитетот за бизнис и економија во Виена и Impact Hub, а мисијата е да го промовира социјалното претприемништво меѓу студентите.

Во рамки на тој проект, студентите имаат можност да објавуваат свои сопствени бизнис идеи со социјална содржина, со што имаат можност да освојат награда од 6000 евра, патување во Виена за најдобрите тимови, менторство, инкубациски период и многу други можности.

Дел од многуте интересни проекти е и оној на студентките по политички науки Сара Миленковска и Влора Речица, кои имаат бројни идеи како да ги подржат самохраните родители и да им ја олеснат грижата за децата почнувајќи од правна и финансиска помош, згрижување на децата и надминување на социјалната стигматизација.

Во продолжение погледнете го видеото, односно нивниот проект и поддржете ја нивната идеја на следниот линк.

 

Објавено:
19 септември 2016
Прегледно:
1.827 пати