Пролет со чевлите на „Џими Чу“

Пролетната кампања на брендот „Џими Чу“ веднаш ни го привлече вниманието. Според она што го видовме, оваа пролет ќе биде обоена во интензивни бои, ќе бидат актуелни пеперутките, но и тимот на оваа куќа ги браќа и обувките од џинс на сцената. 

-Сакав кампањата да биде портрет на Џими Чу жената и мажот, во иста средина. Уникатната убавина што ја има природата беше појдовната точка за инспирацијата за оваа пролет-лето колекција и како ние сите треба да паузираме малку со нашите брзи животи и да уживаме во чудата со кои ко-егзистираме. Моќта на природата е она што сакавме да го ставиме во центар - потенцира Сандра Чои, креативниот директор на брендот.

Зад фотографиите, кои ќе ги погледнете во продолжение се потпишува Ден Џексон, а освен фотографии содржи и видеото во прилог. Сите парчиња од колекцијата можете да ги видите на линкот ОВДЕ.

 

Објавено:
26 јануари 2017
Прегледно:
493 пати