Промоција на новата колекција „Bleue“ на Занов викендов во BKW

Колекцијата за сезоната есен-зима 2019 на младиот дизајнер Мите Занов, насловена „Bleue“ ќе биде презентирана оваа сабота со почеток во 20 часот во Галерија +1, во BKW Hybrid bar.

Водечка инспирација е специфична нијанса на сината боја, препознатлива за делата на францускиот уметник Ив Клајн (International Klein Blue). „Бојата на небото и морето ме асоцира на длабочина, стабилност и самодоверба. За кроевите во колекцијата, како и за нијансата на сино, наоѓав инспирирција од дела на францускиот уметник . Секако делата се доживеани на свој начин, затоа и дизајните се во препознатливата естетика за Zanov. Дел од облеката ги истакнува облините, и ја следи линијата на телото. Колекцијата е многу чиста, едноставна и модерна. Има некои мали акценти кои потсеќаат на 60тите години од минатиот век“, се вели во објаснувањето за колекцијата.

Колекцијата „BLEUE” вклучува фустани, палта, панталони, комбинезони, ролки и повеќе видови здолништа. Дизајните лесно можат да се комбинираат меѓусебно. Колекцијата е наменета за различни прилики. Облеката ја дополнуваат и модни додатоци како хулахопки, мини ташни и појаси за нагласување на половината.

Колекцијата ќе биде презентирана и преку видео проекција.

Објавено:
21 ноември 2019
Прегледно:
186 пати