Промотивно видео за "Summer colours" на Елена Лука

Во разиграниот и колоритен дух на новата колекција што ја потпиша Елена Лука, „Summer colours“ е и промотивното видео кое неодамна беше реализирано во софистицираниот амбиент на продажниот салон на модната куќа во Скопје Сити Мол.

Видеото преку еден инвентивен и интерактивен пристап ја презентира летната линија на брендот, која во широкиот дијапазон на бои, игра со кроеви и пријатни материјали, вклучува осумдесетина парчиња: комбинезони, миди здолништа, кошули, лелеави фустани, широки панталони, како и маички кои може да ги комбинирате во бројни варијанти.

Моделите ги носеа две новинарки од тимот на Fashionel, Слободанка и Александра кои и реално ги пренесоа сензуалноста и пријатноста на парчињата.

Дека Елена Лука е секогаш во чекор со светските модни трендови, доказ се одличните комбинации од креациите на принт со монохроматски парчиња во минималистичките бела и црна боја. Во однос на цветните принтови, веруваме дека ќе го пронајдете вистинскиот за вас, бидејќи изборот е голем и варира од дискретни па се до впечатливи и крупни контрастни принт цветови.

Објавено:
27 јуни 2014