Ревија за паметење

На модната недела во Париз што се одржа неодамна, една ревија го привлече вниманието на јавноста по својата невообичаеност. Дизајнерот Рик Овенс одлучи неговите модели за пролет 2014 да ги претстави на сосема поинаков начин.

Ревијата на американскиот креатор беше своевиден перформанс во кој девојките играа по пистата. Овенс не само што најми жени од различна раса за оваа изведба, туку имаше и жени со покрупна градба.

Се смета дека ова е една од ревиите што најмногу го сврте вниманието на јавноста, затоа што направи исчекор во полето на расните и физички инаквости, кои на ваквите случувања најчесто не се застапени.

a_4x-horizontal

Погледнете го шоуто за кое се уште се зборува.

Објавено:
7 октомври 2013