Селена Гомез отворено за своето ментално здравје во трејлерот за нејзиниот документарен филм „Selena Gomez: My Mind & Me“

Оваа имавме можност да проследиме повеќе документарни филмови чија цел беше емотивно разголување и отворено зборување за менталното здравје и проблемите со кои се соочуваат дел од светските музички ѕвезди.

На оваа листа се најдоа „Halftime" за Џенифер Лопез во режија на Аманда Мишели, како и филмот „Nothing Compares" на Кетрин Фергусон, во кој се разгледуваа животот и делото на Синеид О'Конор.

Помеѓу најновите од овој жанр е и најавениот длабоко личен и трогателен докиментарен филм за Селена Гомез, именуван „Selena Gomez: My Mind & Me", за кој се очекува да ја има својата премиера на Apple TV+ на 4 ноември. Филмот е во режија на Алек Кешишијан, кој исто така е автор на филмот „Madonna: Truth or Dare".

Најавен како „уникатно суров и интимен", документарецот го следи 6-годишниот пат на Гомез од еден исклучително тежок период во нејзиниот живот кон „нова посветла иднина".

Од трејлерот кој неодамна беше објавен на YouTube, станува јасно дека овој во овој документарец Селена Гомез отворено ќе проговори за проблемите со нејзиното ментално и физичко здравје, борбата со депресијата и акнциозноста, дијагнозата на лупус, трансплантацијата на бубрег и компликациите од операцијата, како и нејзиното долгогодишно закрепнување

„Малку сум нервозна, но и возбудена што можам да ја споделам оваа моја страна со сите вас", напиша Гомез на својот Инстаграм профил пред објавувањето на трејлерот.

Во продолжение погледнете го и вие самите.

Објавено:
14 октомври 2022
Прегледно:
335 пати