Сестрите Кајли и Кендал Џенер во заедничка летна авантура

Познатите сестри Кајли и Кендал Џенер пред две две години започнаа соработка со модниот бренд PacSun што како примарна таргет група ги има младите луѓе, тинејџерите и адолесцентите. Со оглед на фактот што девојките припаѓаат на таа генерација, оваа нивна соработка се покажна како успешна.

Неодамна излезе и новиот лукбук за летната линија на сестрите за овој бренд, која вклучува младешки парчиња летна облека: кратки шорцеви и топови, лелеави фустанчиња, маички на прерамки, обоени во летни тонови и со впечатливи принтови.  Кампањата повторно го носи калифорнискиот безгрижен дух, на што во суштина се базира и целата идеологија на PacSun.

Кајли и Кендал позираат под калифорниското сонце, возат рошули и на пространата зелена површина си играат со слатката пудлица.

Линијата е адаптирани на буџетот на младите луѓе, па цените на парчињата се движат од 25 до 70 долари.

Објавено:
18 мај 2015