„Шанел“ ја започна сезоната празнични кампањи

После Ноќ на вештерките, во Америка започнува празничната атмосфера. Познатиот бренд „Шанел“ ја отвори сезоната на празнични кампањи, презентирајќи неодамна видео за парфемот „Chanel No.5“.

Главното лице во рекламата е Лили Роуз Деп. Освен празничната атмосфера, впечатлив е и стајлингот на младата актерка и моделка. Таа носи фустан со црно здолниште од тул, додека горниот дел е од препознатливиот твид за „Шанел“ во златни нијанси. Со високи црвени чизми, црвени ракавици, бела беретка и волуменозен плетен шал, комбинацијата е уште повпечатлива и супер инспирација токму за периодот што следи.

А парфемот е класика, од која многу жени широм светот не се откажуваат. Но, без разлика дали ви се допаѓа парфемот или не, кампањата ќе подуди во вас желба што побргу да дојде празничната сезона.

Објавено:
2 ноември 2019
Прегледно:
246 пати