Што ни подготви Хародс за Божиќ?

Божиќниот дух веќе зафати голем дел од светските брендови, а на празничното расположение последна им се придружи и стоковната куќа Хародс.

 

Нивните излози се претворени во вистинска магична бајка составена од безброј светилки, вештачки снег, играчки, но и фантастични креации од последните колекции на светските дизајнери на кои е ставен целиот акцент.

 

Во креирање на излогот на познатата стоковна куќа учествуваа некои од најпознатите светски дизајнери како Стела Мекартни, Метју Вилијамсон и Ботега Венета.

 

Приказната која што се провлекува во позадината на сите овие приказни, е онаа на малото глувче Питер Памперникел и неговиот имагинарен свет, а за тоа како тој го спасува Божиќ во стоковната куќа Хародс, беше снимен и краток анимиран филм, пишува Буро 24/7.

 

Во име на магичниот анимиран филм, дел од празничните излози на Хародс се токму и тие мали слатки глувчиња, од кои особено се фасцинирани малите дечиња.

 

Дел од празничната кампања на стоковната куќа е и нивната одлична акција во која тие го праќаат глувчето Питер да патува низ различните оддели, по што сите оние што купуваат мораат да го најдат, да направат selfie фотографија и истата да ја објават на Инстаграм со хаштагот #HarrodsChristmas.

 

Секоја недела, тимот на Хародс ќе одбира еден победник на кој ќе му доделу вредносен ваучер за шопинг во стоковната куќа.

Како после да не го сакаме Божиќ!?

Објавено:
14 ноември 2014