Синди Крафорд и Џејмс Корден во реклама за „Пепси“
Синди Крафорд повторно се најде во реклама за „Пепси“, овој пат придружувана од актерот Џејмс Кордон.
Супермоделот на 20-ти февруари ќе го прослави 50-от роденден, а деновиве е посебно актуелна поради официјалното збогување со кариерата.
Џејмс Кордон го искористи тоа, плус и одржувањето на јубилејниот „Супер Боул“ и ја покани Крафорд да направат пародија на рекламата за „Пепси“ од 1992 година во која се појавува токму моделот.
И покрај тоа што наскоро ќе влезе во шестата деценија од животот, Синди изгледа сè уште мошне атрактивно, што не може да се каже за Корден. Но, и неговата заоблена фигура измамува симпатии.
Во видеото погоре имате можност да ја видите пародијата, додека во продолжение е оригиналната реклама, па разликите воочете ги сами.
Објавено:
10 февруари 2016Прегледно:
886 пати