Сите зборуваат за новиот филм „Вештерки“ со Ен Хатавеј

Кон почетокот на месецов излезе првиот трејлер за филмот „Вештерки“, по што реакциите не стивнуваат. Се работи за адаптација на истоимениот роман на Роалд Дал, автор на детска книжевност (негови се и Чарли и фабриката за чоколадо и Џејмс и џиновската праска...).

Филмот е во режија на Роберт Земекис, а во главната улога е Ен Хатавеј, која фантастично се трансформира.

Актерката екипа ја сочинуваат и Џазир Кадим Бруно, Стенли Тучи, Крис Рок и Октавија Спенсер.

„Вештерки“ е приказна за мало сираче (Бруно), кое во 1967 година доаѓа во куќата на својата баба (Спенсер) во местото Демополис во Алабама. Кога тие двајца ќе откријат дека во нивниот град се случува нешто чудно и дека зад тоа стои група вештерки, бабата одлучува со внукот да го напушти местото и да се пресели во хотел на морското крајбрежје.

Меѓутоа, токму во тоа време таму се случува голема конференција на вештерките, на чело со главната вештерка (Хатевеј), која има суров план со кој сака да се ослободи од сите деца.

Од 22 октомври филмот ќе биде достапен на стриминг платформата на HBO Mах.

 

Објавено:
7 октомври 2020
Прегледно:
546 пати