„Sky of Love“ – нова песна и видео запис на Mayna

Младата и исклучително талентирана артистка, Маја Капсарова која твори под уметничката етикета Mayna, карајот на годината го заокружува со ново уметничко дело што ќе им се допадне на сите кои имаат истенчен вкус за музика.

„Sky of Love" е нејзината нова песна која неодамна беше пласирана заедно со артистичен видео запис зад кој се потпишува Александар Ристовски-Принц.

Зад комплетниот проект стојат Маја Капсарова и Џоле Грујовски (музика, текст, продукција, вокали).

Уживајте претпразнично во музичката магија.

 

Објавено:
30 декември 2019
Прегледно:
431 пати