Слушнете ја „Друга ѕвезда“, првата песна на Тамара Стојковска

„Друга ѕвезда“ е насловот на првата песна на младата Тамара Стојковска, која ја промовираше вчера.

Таа е студент на Факултетот за музичка уметност и самостоен уметник.

„Моментално ги завршувам студиите на ФМУ. Покрај работата како самостоен изведувач, дел сум од бендот „Страна Б“ со кој сум дел од клубската сцена низ Макеоднија, и сум член во професионалниот хор ,,Про Арс". Самостојно настапувам со Камерниот оркестар на Битола, и на меѓународни фестивали. ,,Друга ѕвезда" е моја прва песна, музиката и аранжманот се дело на Давор Нечак, текстот на Јосип Коцев, а видеото на Агон Исмајли и Зубер Красниќи“, сподели со нас Тамара.

Пред оваа прва самостојна песна, зад себе има и неколку преработки меѓу кои,,Кога те нема", ,,Ако одам во Битола" и ,,Make you feel my love", кои можете да ги слушнете ТУКА.

Среќно Тамара!

 

Објавено:
6 јуни 2019
Прегледно:
339 пати