Слушнете ја песната која ќе нè претставува на „Евровизија“

Македонскиот претставник на „Евровизија“ годинава е Васил Гарванлиев, а песната со која ќе настапи беше промовирана вчера.

Како што беше и најавено, композицијата носи наслов „Ти“ (You). Автор на музиката е Невена Нешкоска, која исто така го напиша и текстот заедно со сестра ѝ Калина и Алис Шредер од Америка.

Аранжманот и продукцијата, покрај Невена ги потпишуваат и Дарко Димитров и Лазар Цветковски.

Милена Витман е дамата која го режираше видео-записот.

Инаку, Васил ќе настапи во првата полуфинална вечер, која е закажана за 12. мај. Истата вечер ќе настапат и преставниците на Австралија, Белорусија, ирска, Русија, Словенија, Шведска, Литванија, Хрватска, Азербејџан, Малта, Кипар, Израел, Норвешка, Украина и Романија.

За потсетување, годинашното издание на „Евровизија“ е 65 по ред и ќе се одржи во холандскиот град Ротердам.

Објавено:
9 март 2020
Прегледно:
872 пати