Слушнете како звучи песната „Уште ми фалиш“ на италијански јазик

Нашиот оперски пејач, Благој Нацоски, кој долги години живее и работи во Италија, во овој период на социјална изолација преку социјалните мрежи нè разгалува со прекрасни музички изведби.

Овој пат, песната во оригинална изведба на  Александар Митевски и Драган Спасов Дац, „Уште ми фалиш“, доби италијанска верзија.

Всушност, тројцат онлајн направија македонско-италијанска верзија, која звучи одлично. Ако досега не сте ја слушнале, сторете го тоа сега.

Ќе ве разнежни.

 

Објавено:
11 април 2020
Прегледно:
16.698 пати