Софија Вергара се изненади како изгледа оваа 73 годишна бабичка

Во годинашното жири на „Супертален“ е и Софија Вергара. Во последната епизода таа остана вчудоневидена од појавата на 73-годишната Јосефина Монастери, која се претстави како бодибилдерка.

Таа уште еднаш покажа дека годините навистина знаат да бидат само број. Членовите се согласија дека би ѝ дале најмалку 20 години помалку. Нив ги изненади и фактот дека таа почнала да се занимава со бодибилдингот дури на 59 годишна возраст.

На нејзиниот настап ѝ се приклучи и водителот и актер, Тери Крувс и двајцата ја оставија публиката без текст со својот изглед.

Видеото има неколку милиони прегледи, па ако не сте го погледнале, еве шанса. Ќе ве инспирира, сигурни сме.

Објавено:
26 јуни 2020
Прегледно:
153 пати