Тамара Стојковска има нова супер песна – „Кажи нешто ново“

Младата пејачка од Битола, Тамара Стојковска има нова одлична песна насловена како „Кажи нешто ново“.

За песната, Тамара сними и интересен видео запис на неколку локации, а во истиот можеме да ја видиме облечена во тренди црна комбинација како танцува на впечатливата музика.

Текстот за песната го напиша авторката Ксенија Николова, музиката и аранжманот се на Давор Нечак, а истата е снимена во студиото Ферзенк.

Видеото е изработено во Thirdeye Production, додека видео продукцијата е на Дарко Лековски. Инаку, Тамара веќе некое време е дел од бендот Страна Б, а позната е и по настапите во живо кои секогаш се уживање.

Доколку сè уште не сте запознаени со она што Тамара го прави, сега е време за тоа.

Објавено:
30 октомври 2019
Прегледно:
263 пати