Тони Зен со видео порака испрати поддршка за лицата со мултиплекс склероза

Триесетти мај е Меѓународен ден на лицата болни од мултиплекс склероза.

Според податоците на Националното здружение за мултиплекс склероза во нашата земја, се проценува дека во светот повеќе од 2,5 милиони лица живеат со мултипла склероза (МС), а кај нас досега се регистрирани околу 1.200-1.500 лица. Болеста предоминантно ги напаѓа младите возрасни лица во најпродуктивните години, и тоа помеѓу 20 и 40 години (две третини), а ретко под 15 и над 60 години (во просек на 28 години).

Месец мај, вклучително и Интернационалниот ден посветен на овие лица кои водат тешка животна борба, е месец кога се преземаат различни активности за зголемување на свесноста за болеста и нејзиниот третман.

Нашиот познат артист Тони Зен, по овој повод испрати видео порака со поддршка за лицата болни од МС, како и апел за зголемување на колективната свест по ова прашање.

„Месец мај, е месец на дијагнозите мултиплекс склероза и параплегија, со оваа порака ги поддржува лицата кои се стекнати со ваквата попреченост во нивната борба за подобар и подоинствен живот, како и поуспешно третирање на оваа состојба. Да останеме поврзани...", напиша Тони Зен во описот на видеото кое може да го погледнете во прилог.

Објавено:
27 мај 2020
Прегледно:
148 пати