Топ три црномурести девојки во еден од новите видео спотови на Бијонсе

Џоан Смалс, Шанел Иман и Џордан Дан се моментално трите најатрактивни црномурести топ моделки кои заедно во пакет се појавуваат во новиот видео запис за песната „Yonce“ од новиот музички албум на Бијонсе кој едноставно го насловила „Бијонсе“.

Откако таа изненадно преку ноќ и без никаква најава го објави новиот албум, интернeт страниците се преплавени со кратките најави на видео записите за 14-те песни, а со сигурност еден од најактуелните е оној за нумерата „Yonce“ бидејќи покрај Бијонсе, може да уживаме во сензуалноста на трите најактуелни црномурести манекенки.

Овој албум е истовремено и аудио и визуелен, бидејќи секоја песна е проследена и со видео реализаицја.

Меѓу останатите гости на нејзиниот албум се и Џеј Зи, Дрејк, Фарел Вилијамс, Френк Оушн, Тимбеленд, Мишел Вилијамс, Кели Роланд и Џастин Тимберлејк.

bijonse3

Објавено:
14 декември 2013