Трејлер: Џоли и Пит повторно заедно на големото платно

Познатата актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит повторно ќе глумат брачен пар на големото платно. Овој пат, во новиот филм на Џоли насловен „By the sea" зад кој таа се потпишува како режисер.

Приказната е сместена во Франција во 1970-те години и го прикажува односот и проблемите со кои се соочуваат брачните партнери, писателот Роланд (улогата ја толкува Бред Пит) и неговата сопруга Ванеса (Анџелина Џоли).

За потребите на улогата во филмот, Џоли го промени својот изглед односно фризурата, па сега има пократка плава коса во стилот на 70-тите.

Објавено:
7 август 2015
Прегледно:
2.396 пати