Трејлерот ќе ве воодушеви: Џенифер Хадсон како Арета Френклин

Биографскиот филм за Арета Френклин „Respect" веројатно ќе биде новиот врв во кариерата на талентираната Кејт Хадсон, која ќе ја глуми кралицата на соул музиката, а воедно и една од најмоќните фигури во музичката индустрија.

Пред да почине во 2018-та година, Арета самата ја избрала Кејт како единствена опција која би ја глумела во биографско остварување, а според неодамна објавениот трејлер, нејзиниот избор не можел да биде посоодветен.

Во трејлерот веќе се насетува како Кејт Хадсон достојно ѝ оддава почит, што е и увертира која ќе нè подготви за уште едно фантастично портретирање на значаен лик од музичката историја.

Како режисер на филмот се потпишува јужноафриканецот Лизл Томи, додека во кастингот покрај Хадсон се појавуваат и Квин Латифа и Мери Џеј Блајџ.

Премиерата e закажана за 30 декември.

До тогаш, уживајте во трејлерот.

Објавено:
1 јули 2020
Прегледно:
235 пати