Туторијал: Како до совршени веѓи?

Веѓите дефинитивно му даваат карактер на секое лице и ја истакнуваат убавината на вашите очи. Многу често се случува жените да не се грижат за своите веѓи и да ги запостават, нешто што дефинитивно не треба да се случува со оглед на тоа што тие имаат големо значење за изразот на лицето.

Пожелно е веѓите да започнуваат точно над внатрешниот, а да завршат неколку милиметри зад надворешниот агол на окото. Совршените веѓи би требало да имаат елегантна линија која што ја следи коската со највисока точка некаде пред крајот на надворешниот агол.

Погледнете го ова одлично видео на хрватската шминкерка Ксенија Јуравиќ и следете ги нејзините инструкции за совршен облик на веѓите.

Објавено:
25 март 2014