Убав музички поздрав: „Ода на радоста“ преку „Скајп“

Дел од оркестарот на Ротердамската филхармонија одлучи да се „собере“ заедно на „Скајп“ и да им подари една композиција на сите што се во изолација.

Тие одлучија да ја отсвираат „Ода на радоста“, со што сакаат да им го подобрат расположението на сите, но и да испратат порака за љубов, надеж и живот.

Хорот на крајот што го слушате, се исто така нивни колеги, кои го дадоа својот придонес, така целиот музички поздрав е во живо и од срце.

Супер идеја!

Објавено:
25 март 2020
Прегледно:
988 пати