Вака Вог снима едиторијал

Доколку некогаш сте се запрашале како изгледа снимање на Вог, денеска ќе го дознаете токму тоа.

Речиси сите фотографии што ги гледаме во магазините, се настанати со макотрпна работа, сериозна посветеност и совршено организиран тим на луѓе.

На сетот на снимање на еден вообичаен, студиски едиторијал со модели, има тим на стилисти, шминкери, еден главен фотограф и помошници асистенти и луѓе што се грижат за сценографијата.

Главниот збор секогаш го има уредничката на модната библија, која воопшто и не се појавува на снимањата, туку само ги одбира и одобрува фотографиите во крајната фаза.

Модната уредничка Табита Симонс се грижи за набавката на облека и стилизирањето на моделите, заедно со останатиот тим кој и помага при средувањето на моделите.

Погледнете како изгледа снимањето на едиторијал во иконскиот Вог. 

Објавено:
25 септември 2015
Прегледно:
229 пати