Ве водиме на тура низ плакарот на Бијонсе!

Личниот стилист Тај Хантер и Ракел Смит нѐ носат на ексклузивна тура низ плакарот на прекрасната Бијонсе и ни ги покажуваат сите парчиња од нејзината актуелна Mrs. Carter светска турнеја.

Одличниот Тај Хантер во видеото открива дека 32 – годишната ѕвезда кога станува збор за одбирањето на парчиња за настапите, целосно се препушта во нивните раце и им верува.

„Кога Бијонсе ќе посака нова облека за некој настап, Тај и јас, ги бараме вистинските парчиња кај различни дизајнери. Откако ќе ни достават скици, ние неколкупати ги прегледуваме и го одбираме вистинското парче за кое мислиме дека ќе биде соодветно за неа“, објаснува Смит, додавајќи дека тоа е цел процес со оглед на тоа што покрај тоа што мора да изгледа добро, треба да е лесен за таа да се движи на сцена.

Тие објаснуваат дека за да се постигне вистинскиот ефект на светска ѕвезда, тие мора да одбираат и од огромниот број парчиња што исто така и самите дизајнери и ги испраќаат на ѕвездата.

Нејзините стилисти откриваат и дека кога биле одбрани фустани од Версаче во кои ѕвездата треба да настапи, за да се изработи само еден од нив, на тамошните дизајнери им требало повеќе од 300 часа.

„Другите брендови, на пример, како Емилио Пучи, на Бијонсе и праќаат многу чевли во различни бои за таа да може да си избере кои ќе и бидат најудобни и кои најмногу ќе и одговараат со она што ќе го носи“, откриваат нејзините стилисти.

Но, за да не мислите дека таму сѐ оди како подмачкано, токму за вчерашниот настап на поп – дивата во Лисабон, рачно изработениот костим од дизајнерот Рубин Сингер резервиран за настапот на Бијонсе, за малку немало да стигне поради проблеми со документите на европските царини.

Погледнете го видеото и за момент, уживајте во светот на Бијонсе!

Објавено:
27 март 2014