Вечна инспирација: Мик Џегер танцува лудо по операција на срцето

Само неколку недели по операцијата на срцето, фронтменот на Ролинг Стоунс Мик Џегер (75), сподели видео на Инстаграм на кое се гледа како танцува во сала за вежбање.

На видеото може да ги видиме неговите препознатливи движења кои воопшто не се промениле, ниту забавиле иако пред некое време направи операција на срцето.

Во видеото тој танцува на звуците од песната „Techno Fan“ на Wombats, а во коментарите под истото се гледа воодушевувањето на неговите обожаватели, меѓу кои и оној на неговата ќерка Џорџа Меј Џегер.

Поради неговата итна операција на срцето, Ролинг Стоунс мораа да ја откажат нивната турнеја закажана за април, со извинување до сите обожаватели и информација дека дополнително ќе бидат известени за новиот датум.

„Ќе работам многу напорно за да можам да се вратам на сцена што побрзо“, напиша пејачот на Инстаграм.

Објавено:
16 мај 2019
Прегледно:
196 пати