(ВИДЕО) Ед Ширан има нова песна!

После година ипол, Ед Ширан ја изненади публиката со нова песна - „Afterglow“. За истата има и видео запис, а премиерата ја доживеа денеска, а се работи за балада со која пејачот сака да им ја честита Новата година на сите луѓе ширум светот.

„ „Afterglow“ е песна која ја создадов минатата година, а која сакав да ја објавам за вас.Не се работи за песна од нов албум, туку едноставно песна која ја сакам и која се надевам и вие ќе ја засакате. Уживајте! Ви посакувам безбеден и среќен празничен одмор и среќна Нова година. Сега се враќам во земјата каде сум татко, чао“, гласи пораката на пејачот на социјалните мрежи.

Објавено:
21 декември 2020
Прегледно:
80 пати